Животински свет

Оваа студија покажа дека луѓето покажуваат повеќе емпатија за кучињата отколку за луѓето

Според студија од 2011 година, 90% од сопствениците на миленичиња ги сметаат нивните миленичиња за дел од семејството. Креаторите на филмовите го експлоатираат овој факт, па затоа ако има некој лик во филм кој треба да го сакаме а штотуку го запознаваме, му даваат куче и БУМ! Веднаш е најдобриот лик во филмот.

И да, супер-негативците имаат мачка во нивниот скут која полека ја галат додека се вртат во нивната фотеља.

Мачките можеби се злобни по природа, но и злобните работи бараат љубов и затоа сме тука, и мачките и кучињата ги сметаме како дел од семејството.

Миленичињата можно да се најомилениот член од семејството, бидејќи Америчката здравствена организација за животни направила студија и открила дека 40% од жените испитаници рекле дека имаат поголема емотивна поддршка од нивните миленици отколку од нивните сопрузи и деца.

Жените исто така биле тестирани со машина за магнетна резонанција. Нив им биле дадени слики од слатки бебиња и од миленици, а резултатите покажале слични исходи, односно се активираат регионите во мозокот кои бараат „награда“ – што послатко бебето или миленичето тоа поголема реакцијата во мозокот.
Мажите имале исти резултати, но не толку изразени како кај жените.

Прочитајте и...  ОФИЦИЈАЛНО: Грција ќе прима туристи од 15 јуни

Понова студија покажала дека окситоцин, хормонот кој е најголемата „кривица“ за зближувањето – се лачи за 300% повеќе кога сопствениците ќе ги погледнат нивните кучиња во очите. За да се илустрира ова, на 240 студенти им биле дадени 4 различни лажни вести каде што наводно биле повредени бебенце, кученце, куче и возрасен човек.
Кученцето покажало поголема реакција од возрасното куче за мал процент.
Возрасниот човек добил најмал процент на сожалување, а бебенцето најголем процент.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top