Забава

ОВИЕ РАБОТИ МОРА ВЕДНАШ ДА ГИ ИЗБРИШЕТЕ ОД ВАШИОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ

Повеќе од 230 милиони луѓе во светот користат Фејсбук, и тоа е убав начин да се забавувате и да запознавате нови луѓе. Експертите се согласуваат на фактот дека Фејсбук е најпопуларната социјална мрежа. Тоа е како да живееме еден виртуелен живот, и секој добива шанса да ги сподели своите мислења или своите омилени песни. За жал, исто така, постојат работи за кои дури и не треба да размислуваме дали да ги објавиме на Фејсбук. Вистината е, повеќето луѓе не се ни свесни за опасностите кои лебдат над нивните глави.

Еве 13 мали, но важни работи кои мора веднаш да ги избришете од вашиот профил:

#1 Вашиот љубовен статус

Можеби сакате да го обновите вашиот љубовен статус, но тоа не е нешто што би сакале да го направите. Чувајте ја оваа информација за себе си и споделете ја само со најблиските пријатели и семејството.

#2 Фотографии од деца

Дали навистина сакате целиот свет да ги види фотографиите од вашите деца? Не ни знаете дали вашето дете сака тие фотографии да бидат објавени бидејќи е премногу мало. “Предатори” можат да пристапат до нив што значи дека животот на вашето дете е во опасност. Значи, престанете да објавувате фотографии од вашите деца на Фејсбук.

Прочитајте и...  Истражување: Фејсбук го расипува расположението и работните вештини

#3 Информации од училиште за вашето дете

Секогаш размислете два пати пред да објавите какви било информации поврзани со градинката или училиштето на вашето дете. Дури и најмалата информација може да го загрози, а не сакате “предатори” да шетаат околу вашите деца. НЕ ИМ ДАВАЈТЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО.

#4 Сомнителни фотографии

Го користиме Фејсбук за да се поврзиме со другите, а тоа е првата апликација што вашите вработувачи ќе ја прегледаат откако ќе се пријавите за работа. Премногу одење по забави можеби нема да ве убие, но ќе ја убие вашата кариера ако продолжите да објавувате пијани фотографии.

#5 “Пријатели”

Престанете да пробувате да станете популарни на Фејсбук. Можете да имате илјадници виртуелни пријатели, но не ви требаат непознати ица на листата со пријатели. Не ги прифаќајте сите покани за пријателство од луѓе кои не ги познавате.

#6 Банкарски информации или кредитни/дебитни картички

Купувањето работи преку Фејсбук можеби е прелесно, но доколку вашите банкарски информации се објавени во опасност сте од кражба.

Прочитајте и...  Хит на интернет: Ги прскал верниците со пластичен пиштол, луѓето го фотошопирале ФОТО

#7 Телефонски број

НЕ! Не го давате вашиот телефонски број на сите што ќе ги сретнете на улица. Нели? Значи, зошто да го објавите вашиот број на Фејсбук?

#8 Означување

Означувањето на фотографии на Фејсбук можеби не е кривично дело, но понекогаш итри лица можат да дојдат до вашите фотографии, а не ни мора да бидат во вашата пријателска листа. Избришете ги ознаките од сомнителни објави.

#9 Роденден

Добивањето стотици пораки за вашиот роденден од пријатели или од семејството можеби ќе направи да се чувствувате како ѕвезда, но некој може тоа да го злоупотреби. Крадци на идентитет може да добијат повеќе информации за вас и истите да ги искористат.

#10 Менаџер/шеф

Незгодни слики може да предизвикаат да ја изгубите работата преку ноќ доколку вашиот менаџер или шеф ги види. Избегнете непријатни ситуации со вашите менаџери и не ги додавајте за пријатели.

#11 Локација

Добро си поминувате во тој елитен ресторан? Не објавувајте за тоа доколку не сакате крадци да ви влезат дома. Откривањето на точната локација исто така им кажува на луѓето дека вашиот дом е празен.

Прочитајте и...  Вртоглави цени: Еве колку заработуваат инфлуенсерите на социјалните мрежи

#12 Дестинација за одмор

Можеби ќе бидете возбудени за вашиот одмор, но крадците ќе бидат повозбудени од вас доколку дознаат дека се добредојдени во вашиот дом. Објавете ги сликите по одморот за да избегнете трагедија.

#13 Билети за патување

Пробајте да одолеете на потребата да им кажете дна сите дека за брзо ќе слетате на некој остров. Криминалците можат да ве пречекаат на аеродромот, а некои други ќе знаат дека не сте дома.

Ако објавите фотографија на Фејсбук, таа ќе остане на интернет засекогаш. Можете да ја избришете, но ќе остане некаде во виртуелниот свет. Никогаш не можете да знаете дали некој ве демне. Играјте паметно и безбедно и никогаш нема да бидете во неволја.

Најпопуларно


To Top