Денес ви ги претставуваме трите хороскопски знаци кои никогаш нема да ве остават на цедило!

Бик

Знаете дека велат дека се многу тврдоглави. Е па ако ја погледнете работата од еден поинаков агол, ќе сфатите дека во прашање е упорност и труд и дека нема поверен знак од Бикот. Тие се великодушни, верни и имаат заштитнички нагон кој се граничи со оној кој мајките го имаат за своите деца. Ако сакате пријател за цел живот, некој кој никогаш нема да се откаже од вас, тогаш побарајте го Бикот. Нивното пријателство трае вечно!

Рак

Чувствителни, полни со разбирање и сочувство. Тоа е најдобриот опис за Раковите, особено кога е во прашање пријателството. Иако најчесто се дружат со луѓе слични на нив, нивната топлина знае да го стопли и најладното срце. Нивната емпатија не дозволува да остават некого на цедило, па затоа секогаш можете да им се обратите кога ќе ви се случи нешто и ќе ви помогнат лесно да го надминете кој било проблем.

Прочитајте и...  Дневен хороскоп за четврток (21. ноември 2019)

Јарец

Еве уште еден „тврдоглав“ знак. Јарците имаат многу мал круг пријатели, а најдобар пријател им е некој кој се покажал дека е одговорен и верен. Но, токму затоа што толку го ценат пријателството, тие повеќекратно возвраќаат на она што им е дадено. Имаат многу познаници, но иако можат да бидат наклонети и кон нив, сепак сѐ останува на површно ниво. Воглавно негуваат стари пријателства и подготвени се да влезат и во оган за своите пријатели.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде