Свет

Овие жени патувале повеќе од 4 часа со камиони за да подготват оброци за пожарникарите во Австралија

Додека пожарите беснеат, дамите од Австралискиот Исламски Центар ја почувствуваа потребата да направат хумано дело за својата заедница.

Група жени наполнија пет камиони со донирани производи и собраа 1.500 долари за само 48 часа. Тие патуваа повеќе од 4 часа заедно со други волонтери за да ги однесат собраните производи до изморените пожарникари.

Но, приказната не завршува тука.

Кога пристигнале во Џонсонвил, дамите од Исламскиот Центар подготвиле појадок за 150 пожарникари.

„Испраќам благодарност од областите погодени од пожарот“ – пожарникарот Родни Бајлис и се заблагодарува на групата жени. “Само што се слушнав на телефон со капетанот кој е на терен, и тој за малку што не заплака кога му кажав дека денес ќе им однесеме појадок“, се слуша на видеото објавено на Фејсбук.

Heart warming words from one of the brave fire fighters, gives us motivation to keep doing what we do. We are so grateful to be given this opportunity to give back and help those in need. A special mention to our partners at @humanappealaus for being their every step of the way. Much love to all ❤️ #vicfires #we #strive #as #one

Gepostet von Australian Islamic Centre am Samstag, 4. Januar 2020

Пожарникарите во Австралија работеа неуморно изминативе неколку месеци во борбата против пожарите.

Прочитајте и...  Имаме различни планини и реки, но делиме исто Сонце, Месечина и небо: Јапонија прати помош со стихови за Кина

Најпопуларно


To Top