Свет

Овој човек го освоил Монт Еверест, а не ни излегол од својот дом

Џон Грифин живее во трокатна куќа на југот од Англија. Во таа куќа има 30 скали, а за да остане во форма за време на пандемијата на коронавирусот, Џон секој ден се качувал и се симнувал по нив – по шест и пол часа.

Четири дена подоцна и по точно 40.846 скали, Грифин се “искачил” на висина од околу 8.850 метри, колку што е и највисокиот врв на светот, Монт Еверест. 

“Од психолошки аспект, гледањето на истите скали повторно и повторно навистина ме исцрпи”, изјавил 53-годишниот Англичанец.

На овој начин тој собрал пари за банка за храна откако бил сведок дека во супермаркетот во близина не стигнуваат доволно намирници.

Џон не е единствениот Британец кој се одлучил на ваков чекор, пишува “CNN”. И Рони Саутворт пронашол интересен начин да остане во форма – засега се “искачил” на врвот Бен Невис, највисокиот врв во Велика Британија.

Прочитајте и...  Во хеликоптерската несреќа починала и ќерката на Коби Брајант, 13 годишната Џиана

Најпопуларно


To Top