Занимливости

Овој човек пробал над 150 видови дрога за да не морате вие

60-годишниот Доминик Милтон Трот пробал преку 150 различни видови дрога за да дознае како тие влијаат на човековото тело и за да и даде на јавноста точни информации за ефектите на секоја од нив.

Британецот ги опишува своите искуства во неговата книга „The drug users Bible“ бидејќи сфатил дека постојат многу погрешни информации за влијанието на дрогата. Особено го загрижил фактот што никаде не можат да се најдат сигурни информации за тоа како безбедно да се користи секоја дрога. Напоменува дека ова може драстично да го намали бројот на смртни случаи предизвикани од предозирање, пишува Ladbible, а текстот го пренесува b92.net.

Цела една деценија овој Британец темелно истражувал, користел различни супстанци и внимателно документирал што му се случува. Нашол различни стимуланти, анксиолитици и психоделици, но и лекови кои студентите ги земаат додека учат. Тој опишал од кои супстанци имал болки со денови, а од кои се чувствувал лошо психички. Исто така, тврди дека халуциогената ајахуајската дрога му го променила животот и погледот на светот.

Прочитајте и...  Заборавена молитва која ги повикува сите благослови, спокој кој им е потребен на сите

Трот верува дека владините институции мора да имаат друг пристап кога станува збор за минимализирање на користењето дрога. Иако поминал низ неколку лоши искуства во текот на своето истражување, истакнува дека сето тоа вреди доколку тие информации некому му го спасат животот.

Најпопуларно

To Top