Во една соба гореле 4 свеќи, таму било доволно тивко за да се слушне нивниот разговор:

Првата свеќа рекла: Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме приметат затоа ќе се изгасам. Веднаш се изгасила.

Втората свеќа рекла: Јас сум ВЕРA – многумина сметаат дека не сум им неопходна, затоа нема смисла да горам. Дувнал тивок ветер и таа се изгасила.

Третата свеќа рекла: Јас сум ЉУБОВ – немам повеќе сила, луѓето ме ставаат на страна и не ги љубат своите блиски и во истиот момент се изгасила.

Тогаш четвртата свеќа прозборела:

Малку после тоа во собата влегло едно мало дете кое рекло: “Што е ова, нели требаше да горите до крај” и почнало да плаче.

Тогаш четвртата свеќа прозборела: Не се плаши, додека јас горам имам сила да ги запалам и другите свеќи. Јас сум НАДЕЖТА.

Со солзи во очите детето ја земало НАДЕЖТА и ги запалило останатите свеќи.

Прочитајте и...  Ти сè уште живееш во мене, иако те нема..

Пламенот на надежта секогаш треба да гори во нашите срца, за да може секој од нас да ја зачува верата, љубовта и мирот во срцата.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за