Занимливости

Овој уникатен модел на Ферари ќе ве остави без коментар

Страствен вљубеник во автомобилите на италијанската компанија одлучил да направи само за себе еден уникатен модел и да го оживее духот од минатото.

Создавањето на целосно нов и модерен концепт на спортски прототип на Ферари е навистина амбициозен и сложен потфат. Но, со здружени сили, самиот клиент и екипата на Ferarri Styling Center под водство на Флавио Манзони, како и специјална екипа за инжинеринг и аеродинамика – направија нешто спектакуларно.

Резултатот е апсолутно единствен и автентичен модел. Клиентот, кој бил голем познавач на светот на Ферари, потекнувал од семејство кое со децении ужива во возењето на моделите на италијанската компанија.

Основната задача била да се создаде модел на спортски прототип инспириран од „митските“ модели на Ферари – “330 P3/P4” од една страна и “1966 Dino 206 S” од друга страна. Производот е наречен “P80/C”.

Прочитајте и...  Секс идеи за врнежливо време

Најпопуларно


To Top