Случувања

Пар носи бебе со фатални нарушувања на мозокот за да ги донира органите на други новороденчиња

На 18-тиот ден на нејзината бременост 23 годишната Криста Дејвис примила многу лоши вести.

Бебето било дијагностицирано со anencephaly, фатален невролошки дефект кој се јавува кога некои делови од мозокот и черепот недостасуваат. Во повеќето случаи бебињата живеат само неколку минути или неколку дена.

Претходно, во 2017 година, таа го изгубила своето прво бебе со 27 годишното момче Дерек Ловет поради спонтан абортус. Оттука, оваа дијагноза беше катастрофална и за двајцата.

Криста вели:

“Тие ме викнаа за мојот квадри-екран. Ми кажаа дека тој бил абнормален. Се сомневале во дефект на невралната туба како спина бифида. Со висок ризик отидов да видам лекар и забележав дека медицинската сестра постапува чудно додека ме проверува. Таа помина многу време гледајќи ја главата на Рајли. Тогаш ми рекоа дека тоа не е спина бифида туку анацефалија. “

Призна дека била уплашена за нејзината бременост, па парот беше скршен кога ја прими оваа вест. Лекарите им дале 2 опции. Таа можела да го роди Рајли на 18 недели или би можеле да и дозволат да го спаси животот на други бебиња.

“Бевме кај друг доктор и тој ни кажа дека доколку го носам бебето до терминот, би можела да ги донирам органите на Рајли и да ги запознаам децата кои нив ќе ги добијат. Во тој момент јас и Дерек се погледнавме и веднаш знаевме што треба да направиме. Можеби нема да можам да го однесам своето бебе дома, но можеби нејзиниот живот ќе го искористам за да им дадам шанса на другите мајки и бебиња.” – објасни Криста.

Ова му дава цел на животот на нејзината ќерка, а болката на родителите знаејќи дека спасиле други дечиња би можела да се намали.

Прочитајте и...  Мајка ненамерно си ја крстила ќерката Лазања и сфатила месеци подоцна

Затоа, Рајли беше родена на 24 декември 2018 година. По 45 минути бебето било поставено на монитор кој го следел неговото срце, а тој покажал неверојатни резултати за бебе родено со таа дијагноза.

Докторите биле изненадени од бебето:

„Тие беа шокирани исто колку нас. Веднаш по раѓањето, таа имаше проблеми со дишењето. Помислив дека нема да живее уште многу долго, а потоа работите се сменија.
По 45 минути ја ставија на монитор кој го следеше нејзиното срце, а по неколку часа докторите се уште беа шокирани. Прашав дали може да ја нахранам. И дадовме малку вода со шеќер и пиеше мајчино млеко.“

Кристен била изненадена исто колку и докторите:

„Таа има одличен темперамент. Не плаче, прави интересни фаци… никој не очекуваше таа да живее толку долго. Се уште сме шокирани… Јас се уште сум загрижена, но и изненадена. Таа е прекрасна.“

Нејзините родители го искористиле секој момент за да и покажат колку ја сакаат.

Прочитајте и...  Медицинска сестра на пациенти со коронавирус ја гушка ќерка си од далечина (ВИДЕО)

Кристен се сеќава:

„Откако ја пресекоа папочната врвца, ја ставив на градите, кожа на кожа, ја милував и плачев. Беше толку совршена. Нејзиното стебло на мозокот беше изложено. Но, не се обидував да го забележам тоа.“

Една недела по раѓањето, бебето почина на Нова Година.

Првите 9 часа таа дишеше самостојно, докторите тоа го сметаа за чудо.

Во текот на нејзиниот живот таа донела многу радост во животот на нејзините родители кои се согласија да ги донираат двете половини на нејзиното ангелско срце на други две бебиња, а нејзините бели дробови во истражувачки институт за студии на антецефалија.

Трагедијата на ова семејство донесе надеж во домот на други луѓе. Иако нејзиниот живот беше краток, Рајли беше вистински подарок за нејзините родители и за другите 2 семејства.

Таа посвети објава на Фејсбук:

„9 месеци го носев ова прекрасно суштество додека нејзиниот татко, нашите пријатели, семејства и јас ја преполнивме со љубов како што таа растеше. Никогаш не помислив дека откако и беше дијагностицирана антецефалија ќе не благослови со една недела присуство. Една недела преполна со смеа и прегратки. Оваа една недела не би ја заменила за ништо на целиот свет!“

Најпопуларно


To Top