Текстови и колумни

Париз- градот на тајните љубови

Париз

Градот во кој се кријат тајните на љубовта..

Во секој агол има посебна приказна, секоја фасцинира на свој начин. Париз, градот во кој се најдува духот на уметноста, не само илјадниците слики на Пикасо и Да Винчи, туку и приказните за љубовта и чувствата на секој човек што го посетил. Град кој го одзема здивот. Град во кој започнуваат сите љубовни приказни. Град кој свети најсилно во најтемната и најмрачната ноќ. Градот на префинетоста, на музиката, на дамска и господинска облека, град на виното, светлината и историјата. Град во кој се буди носталгијата. Во Париз се будиш со мирисот на топлите кроасани во пекарите и првото утринско кафе-крем кое го пиеш на балконот додека се фасцинираш и со поглед ја впиваш убавината на прекрасното Ајфелово дело, а притоа слушаш француска музика, јазикот на љубовта, која ти го скокотка срцето. Париз мириса на нежниот беспрекорен мирис на Channel и има вкус на виното со кое се завршува секоја роматнична ноќ. Во овој гради сте вљубеници ја живеат среќата, додека пак оние со скршено срце ја бараат. Париз е такво место што, колку повеќе го посетуваш, толку повеќе се вљубуваш во него. Таков град, за кој можеш да кажуваш, да пишуваш, да пееш, но никогаш да не можеш да ги доискажеш и опишеш чуваствата кои се вгнездени во твоето срце уште од првиот поглед. Париз е од се по нешто. Тој е како првата бајковита љубов, онаа совршената, која ти ги исполнува сите сништа, премногу убава и детска, за да биде реална. Тој е како втората љубов, онаа која ти ја враќа вербата откако твоето срце било скршено и повредено, но најважно од се, е тоа што Париз е како вистинаската љубов, онаа која останува. Овој град е рај за оние кои имаат уметничка и романтична душа, за оние кои ја разбираат длабочината во уметноста, не само површинскиот дел, овој град полн со тајни и убавини, за некого е само град, додека некој ја гледа неговата душа помеѓу сите тие градби, слики, споменици, приказни… Париз е жив, полн со душа, со многу спомени. Таму сонцето грее најсилно, а дождот ги лечи ранетите души. Покрај сите убавини во него, покрај се што јас сум доживеала, сфатив… Градот во кој уметноста е главна тема, љубовта се доживува на сите начини, градот кој сјае најсветло во темнината.. Градот во кој уметноста и љубовта се една иста работа и не одат една без друга, градот кој има чувства и за секого е посебно искуство.. Париз.. Париз е мојата вистинска љубов.

Прочитајте и...  Вистината зад долгогодишните врски прикажана низ 30 брутално искрени илустрации

Сара Спасеска

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top