Живот

Пчелите се прогласени за најважни живи суштества на Земјата

Институтот Earthwatch на последниот состанок на Кралското географско здружение во Лондон ги прогласи пчелите за најважни живи суштества на планетата земја. Сепак, според експертите за див свет и според научниците, пчелите се приклучија на долгата листа со загрозени животнски видови.

pcele nestaju u brazilu ap 436475452

Неодамнешно истражување го покажа драстичниот пад на бројот на пчели – речиси 90% од популацијата на пчели исчезнале во изминатите неколку години. Неконтролираната употреба на пестициди, обезшумувањето и недостигот на цвеќиња се главните причини за нивното истребување.

Некој ќе се запраша зошто нешто толку ситно би било прогласено за најбитното живо суштество на Земјата? Одговорот е поедноставен отколку што мислите. 70% од земјоделските култури во светот зависат од пчелите. Да не споменуваме дека опрашувањето е работа на пчелите, без кои растенијата нема да можат да се репродуцираат, па и фауната ќе ја снема за кратко време. Освен тоа, едно неодаменешно истражување покажа дека пчелите се единственото живо суштество на Земјата кое во своето тело не носи патогени.

Прочитајте и...  Денеска е Преподобен маченик Агапиј

За крај, познатиот физичар Алберт Ајнштајн кажал нешто за пчелите што никогаш не било поточно отколку во овој момент. Тој рекол: „Ако исчезнат пчелите, луѓето ќе имаат само уште четири години живот на Земјата“.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top