Кујна

Печен компир со крем сирење

Потребни состојки:

4 компири

150 г крем сирење

100 г павлака

1 врзоп власец

Масло, сол, црн пипер

Начин на приготвување:

1.Компирот добро измијте го, исуштете го, од сите страни избодете го со вилјушка, премачкајте го со масло и посолете. Вака приготвениот компир ставете го да се пече во рерна загреана на 200 степени, околу 50 минути.

2.За тоа време во помал сад ставете кисела павлака, додадете свежо крем сирење, сечкан власец, зачинете со сол и пипер па сето заедно измешајте го. Вака приготвеното сирење ставете го во фрижидер да се стегне.

3.Компирот ставете го на чинија со салата, пресечете го на половина за да го отворите, па наполнете го со филот од сирење.

Прочитајте и...  Есенска салата полна со витамини

Најпопуларно


To Top