Забава

Пет љубовни обичаи од Европа за кои веројатно не сте слушнале

Рози, чоколада, накит – и годинава подароците за Св. Валентин се класични. Притоа, во Европа има многу други традиции со кои може да се „помогне“ расцутувањето на љубовта.

Пишување писма за Јулија

juliets balcony 742x430

Балконот на Јулија е исто како и Денот на вљубените итар маркетиншки трик. Јулија и Ромео се ликови од фантазијата на Шекспир, а балконот во Верона постои од почетокот на 20.век. Сепак, секоја година илјадници луѓе одат во посета на наводната куќа на Јулија. Тука оставаат илјадници писма и желби во надеж дека ќе ја најдат својата среќа во љубовта.

Мајско дрво

84306171 glasing village austria apr 30 2016 men erecting a may tree during spring celebration in germany and
GLASING VILLAGE, AUSTRIA – APR 30, 2016: men erecting a May tree during spring celebration. In Germany and Austria the maypole is a tradition going back to the 16th century.

Младите неоженети мажи во Германија во ноќта кон 1. мај на своите сакани пред вратите им оставаат дрва. И тоа не какви било дрва, туку млади брези накитени со шарени хартиени ленти, а понекогаш и со срца на кои е испишано името на саканата. Дрвото се остава да стои еден месец. Доколку чувствата се обострани, на крајот на обожавателот му се даваат слатки, пиво, а можеби дури и бакнеж.

Прочитајте и...  Новак Ѓоковиќ не се срами од работа- ги засука ракавите и откопуваше компири, па си ја наполни вреќата за дома (ФОТО)

Делкање љубовна лажица

wall of welsh lovespoons detail 620

За саканата е знак на љубов, за нејзините родители е доказ дека идниот избраник е занаетчиски надарен. Традицијата на т.н. „љубовни лажици“ во Велс датира од 17. век. Темните зимски ноќи или долгите патувања со брод давале доволно време за делкање и резбање. Денес лажиците се омилен сувенир.

Берење цвеќе

types of flowers 1520214627

На средината од летото во Шведска се подарува цвеќе, но не на саканата личност, туку себеси! Седум различни видови цвеќе од седум различни ливади, самостојно набрани, се ставаат под перница во верување дека даваат магична сила. Според шведското суеверие, на младите девојки во сонот им се појавува човекот за кого ќе се омажат.

Танцување со јаболко

8f037bddb2cd6064a1cfbff2087c8774

При овој, мора да се признае малку излезен од мода, австриски обичај, во игра е носот. Жената танцува со парче јаболко под пазувите, кое потоа му го дава на саканиот да го јаде. Вистински доказ за љубов, кој има смисла од биолошки аспект – преку феромоните во потта двојките брзо сфаќаат дали „се мирисаат“ или не.

Прочитајте и...  5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницата


Најпопуларно


To Top