Пет нови случаи со коронавирус во Македонија. За други две лица ќе се врши дополнително тестирање.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше за состојбата.
Утрово беа тестирани 7 лица, од кои 4 се позитивни, а 3 се негативни.
Дополнително позитивна на коронавирус е жена која е вратена од Холандија пред неколку дена. Развила симптоми и денес се јавила на Инфективна клиника. Контактирани се лицата од нејзиното семејство, возачот на таксито кој ја возел од аеродром, а се контактираат и лицата со кои била од авион од Виена.
