Македонија

Петар Грашо со два концерта во Филхармонијa

Најголемата актуелна хрватска пејачка ѕвезда, Петар Грашо, по навистина долго време, ќе има свој солистички концерт и во Скопје. Иако насекаде во регионот Петар Грашо настапува во најголемите сали, ние сепак се одлучивме да направиме два ексклузивни и интимни концерта во најубавиот простор во Скопје, Македонската филхармонија, информираат од „Авалон продукција“.

Концертите ќе се одржат на 13 и 14 декемвври со почеток во 20 часот, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 7 октомври, во 9 часот наутро, по цена од 1.500 денари, како и лимитиран број ВИП-влезници по цена од 2.000 ден.

Ова е навистина уникатна можност, човекот што ги има испеано хитовите „Ако те питају“, „Моје злато“, „Уторак“, „Ко нам брани“ и уште многу други, и во моментот претставува хрватска институција, да го видиме во интимен амбиент во Скопје.

Прочитајте и...  18 нови случаи, во Македонија 617 лица се заразени со коронавирус, уште двајца починаа
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top