Животни приказни

„Писмо до моето неродено дете“ на една трудница која преживеала во терористичките напади во Брисел

На 22 март 2016 година Брисел беше потресен од грозоморни експлозии кои однесоа 35 животи, а над 300 лица беа повредени. Трудница која имаше голема среќа да преживее во терористичките напади напиша инспиративно писмо до своето неродено дете.

Снеха Мехта и нејзиниот сопруг Смип само што пристигнале на аеродромот во белгиската престолнина кога одекнала големата експлозија. За среќа неповредени, загрижените идни родители се упатиле кон најблиската болница за да проверат дали нивното чедо е во добра здравствена состојба.

Омразата и гневот кон сторителите на нечовечките напади испариле во моментот кога го здогледале своето бебенце на снимката од ултразвукот.

Прочитајте го писмото на 28-годишната трудница, која и покрај тоа што беше сведок на таков немил настан, не ја изгуби вербата во човештвото.


Здраво душо,
Не знам дали веќе сме ти го признале ова лично, но кога беше само 16 недели во утробата, мајка ти и татко ти беа во експлозија на аеродром во Брисел.
И без разлика каде е човештвото денес, јас само сакам да ти кажам дека животот е прекрасен и дека светот е преполн со извонредни луѓе.
Ти не само што им даде верба и причина за живот на мама и на тато, ти им ја даде способноста да останат смирени како никогаш претходно.
Се почувствував пожива отсекогаш и знаев дека треба да те заштитам, па затоа бев смирена, спокојна и потполно свесна дека ќе преживееме.
Кога стигнавме до одделот за итни случаи во болницата „Sint-Augustinus“ и на снимката од ултразвук те видовме тебе како го цицаш палецот и ги правиш твоите вообичаени акробации, сета недоверба, омраза и гнев за терористичкиот напад исчезнаа.
Се надевам со целото мое срце дека ќе се родиш во подобар свет, а ако не се случи тоа, дека ќе дадеш апсолутно сè од себе за да го подобриш.
Ти си апсолутно скапоцен за нас и веќе беше херој денес. Претпоставувам дека светот испрати толку многу љубов и надеж на твојот пат, што ти ќе го посветиш својот живот за да возвратиш на таа добрина.
Секогаш да бидеш храбар и здрав. Нема зборови со кои може да искажеме колку те сакаме.


Мама и Тато

Прочитајте и...  ФОТО: Индијка по 57 години обидување стана мајка, роди близначиња на 74 години

Најпопуларно


To Top