Текстови и колумни

Писмо до мојата мајка

И јас бев како сите други деца- насмеана , верував во бајки, се радував на животот, бев исполнета со среќа. Но еден ден тоа се смени. Јас имав само 6 години а татко ми ме фати за рака и ме однесе на гробот од мојата мајка. Тогаш сфатив, се ми беше јасно, јас повеќе никогаш нема да ја видам мојата мајка, сфатив дека никогаш нема да го почувствувам нејзиниот мирис, сфатив дека никогаш нема да го погалам тоа меко лице, толку меко небаре да е од памук. Татко ми држејќи ме силно за рака ми шепотеше да бидам силна, но јас не успеав. Сите мои соништата ми се срушија врз глава, мојот живот се претвори во мрачна соба каде што е премногу темно а јас се борам со темнината, се борам со сопственото чудовиште и најтешко од сѐ се борам со самата себе. Пробувам да станам на нозе но гласот во мене не ми дозволува и постојано ме критикува. Најтешкиот момент доаѓа во ноќта кога ќе се стуткам во ќошот од собата заедно со негативните мисли како вистинско сираче. Чекорам по пат со трња, уморна од животот одам напред, со крвави нозе, валкани раце и чист образ, заедно со една голема рана на срцето.

Прочитајте и...  „За подобро утре“

Пишува: Марија Димеска

Најпопуларно


To Top