Занимливости

Питер Фројхен – еден од најинтересните луѓе кои некогаш живееле

Питер Фројхен (1886-1957) важи за еден од најинтересните луѓе кои некогаш живееле.

Image may contain: 2 people

Бил дански писател, ловџија, новинар, антрополог, актер и уште нешто, а секако човек кој ја избегнал смртта неколкупати на спектакуларни начини.

Студирањето медицина во Копенхаген му било досадно, го напуштил факултетот и отишол на брод на Гренланд во 1906 година, а друштво му правел пријател. Кога стигнале до крајното место, на санки го продолжиле патото подолг од 1000 километри. На патувањето се среќавал со ескими, со кој заедно тргувале, ловеле и го учел нивниот јазик.

Подоцна станал и нивни заштитник, ги критикувал католичките мисионери, бидејќи покажале недоразбирање спрема нивната култура.

Тој и неговиот пријател во 1910 на Грeнланд изградиле трговска куќа, која служела како база и за други експедиции. Се оженил со ескимката Наравана Мекупалук (која подоцна починала од грип) и со неа имал две деца. Се до 1924 година го истражувал Арктикот и запознавал истражувачи за ескимската култура.

Прочитајте и...  Пијана балерина направила хаос на аеродром: Тројца полицајци се виткаа од болка поради неа

На една експедиција, долга неколку илјади километри го затрупал снег, но тој во моментот немал никаква опрема што би можел да ја искористи за да излезе од снегот. Се изборил со снегот така што направил бодеж од својот смрзнат измет и со него го ископувал својот пат. Кога се вратил во кампот сфатил дека ножните прсти му се замрзнати и дека започнала гангрена, па сам себе си ги ампутирал и ставил клинци наместо нив.

Image result for peter freuchen

Од време на време се враќал во Данска, пишувал за некој угледен весник, а станал и уредник на списанието кое било во сопственост на неговата втора жена.

Во меѓувреме влегол во филмскиот свет, отворил своја компанија, а бил соработник на Metro-Goldwyn-Mayer, кој му ја финансирал и новата експедиција во 1932 година. Бил и сценарист, а ѕа филмот „Ескимо“ добил и Оскар. Во тој филм ја играл една од главните улоги. За време на втората светска војна често запаѓал во проблеми.

Прочитајте и...  Дрво кое раѓа 40 различни видови на овошје!

Имено, мразел секаков облик на дискриминација, па во секоја средба со анти-семитите, гордо го истакнувал своето еврејско потекло. Меѓутоа никој немал храброст да се соочи со човек висок два метри, за кој се знаело дека совладал мечка.

Бил дел од данското движење против фашистите и толку храбро се борел што Хитлер лично дал наредба на нацистите да го уапсат и погубат. Бил фатен во Франција, а успеал да побегдне од затворот во Шведска. Таму ја запознал својата трета жена со која се преселил во Њујорк, бидејќи таа работела за списанието „Vogue“.

На сликата погоре стои до својата трета жена и носи бунда од поларна мечка која сам ја уловил.

Во еден момент победил во квизот „The $64,000 Question“ освојувајќи ги тие $64,000.

Последната деценија од животот ја поминал релативно тивко, пишувајќи книги (напишал десетина книги за Арктикот и Ескимите), а на светот му го оставил и клубот на авантуристи кој и ден денес постои.

Прочитајте и...  Овие зборови се посилни од „те сакам“, кажете ги на своите сакани

-Гренланд, околу 1920

„Веќе со денови сум заглавен во снежното засолниште. Надвор лута олуја. Температурата е толку ниска, што здивот ми се заледува на зидовите во снежната дупка во моја се наоѓам. Ако за одредено време не успеам да се извлечам, ќе стане претесно за да можам да дишам. Студот, мразот, залихата на храна која е при крај и јас, одлучен да преживеам…“ (извадок од неговиот дневник)

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top