Македонија

„Плати со поезија“ во четврток на осум локации во Скопје

Годинашната акција „Плати со поезија“ на брендот на кафе „Јулиус Мајнл“ в четврток, по повод Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе се одржува на осум локации во Скопје. Кампањата во која секој што ќе напише стихови за возврат добива кафе, оваа година ќе се одржува  во 40 земји.

За разлика од минатите, оваа година сите што ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Мајнл. Само шест лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1 јуни 2019 година.

-Сѐ што треба да се направи е да се напише поемата или песната, да се сликне и да се постира на Инстаграм со хаштагот #PayWithaPoem, наведува организаторот.

Осумте угостителски локали во Скопје во кои заинтересираните може да платат кафе со поезија годинава се: Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар-бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21.

Прочитајте и...  Предупредување: Мајка тренира дете да напаѓа миленици, „печали“ од тужби кон сопствениците

Тие ќе имаат можност и за средба со млади македонски поети и писатели кои ќе им помогнат на стихотворците да ја пронајдат, како што наведува организаторот, „внатрешната инспирација заедно со Јулиус Мајнл“. 

Најпопуларно


To Top