in ,

По 25 години, „All I Want For Christmas is You” на Мараја Кери на врвот на „Билборд хот 100“ листата

Мараја Кери со својата песна „All I Want For Christmas is You” стигна на самиот врв на „Билборд хот 100″ листата, 25 години по објавувањето.

– Успеавме!, напиша пејачката по повод освојувањето на првото место на оваа безвременска листа.

Песната е објавена во 1994 година, а од 2000 година почна да се приближува кон врвот на листата. На популарноста посебно влијаеше тоа што во 2003 година беше употребена во филмот „Всушност, љубов“ (Love, Actually).

На Мараја Кери ова ѝ е 19. пат со нејзина песна да биде на првото место на „Билборд хот 100“ листа. Рекордот, во таа смисла, го имаат „Битлси“ кои имаат вкупно 20 бр. 1 синглови.

Прочитајте и...  Учениците во Кина носат капи од еден метар за да одржуваат дистанца

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote