Животински свет

По 30 години се појави „изумрен“ леопард

Вид леопарди за кој се веруваше дека потполно исчезнал, е забележан во Тајван по повеќе од 30 години.

Тајванскиот облачен леопард официјално беше прогласен за изумрен во 2013 година, а студија долга 13 години не успеа да најде ниту еден примерок од тој леопард дури од 1983 година.

Жителите на градот Дарен, југоисточен Тајван, пријавиле дека последните неколку месеци неколку пати виделе ретка мачка, па група ренџери започнала да ги надгледува подрачјата на кои се појавувала.

Истражувачите ја координирале својата работа со локалните жители.

Ексклузивно за Тајван, темно сивиот замаглен леопард е прогласен за „ранлив“ од 2008 година бидејќи изобилната сеча на шумата во природните живеалишта ги присилила животните да ги напуштаат планините.

Прочитајте и...  Што да направите доколку ве касне пчела или оса?

Најпопуларно


To Top