in

По седми пат [email protected] на ФЕИТ

Од 23-ти до 27-ми септември 2019 година, по шести пат, Институтот за компјутерски технологии и инженерство при Факултетот за електротехника и  информациски технологии (ФЕИТ) организира воведен курс за програмирање [email protected] 2019.

Курсот ќе го посетуваат идните, новозапишани студенти на ФЕИТ (без претходно програмерско искуство), постојните студенти на Факултетот и лица кои имаат желба да се запознаат со основите на програмирањето.

Сите учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основите на програмирањето и за тоа како се дизајнираат алгоритми. Преку интерактивната настава, практично, ќе можат да преточуваат проблеми во алгоритми, односно потоа во програмски код.

Целта на [email protected] е да покаже нов пристап кон програмирањето и да ги мотивира младите да учат да програмираат и да креираат софтверски апликации. Курсот покрај за тековните и идните студенти на ФЕИТ, ќе биде отворен за други заинтересирани без разлика на старост, претходни познавања и професионална определба.

[email protected] е организиран од Институтот за Компјутерски технологии и инженерство (КТИ) во соработка со Факултетската лабораторија ФЛАОП, во чии лаборатории ќе се одвива практичниот дел од курсот. Наставата целосно ќе биде покриена од наставниот и соработнички кадар на Институтот КТИ.

Сите заинтересирани може да добијат подетални информации на официјалната веб страна на ФЕИТ (feit.ukim.edu.mk) или преку електронската пошта: [email protected]

Прочитајте и...  Матка меѓу 10-те најубави европски кањони според ,,Гардијан“

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote