in

Почина Џин Дајч, креаторот на „Том и Џери“ и „Попај Морнарот“

Џин Дајч, американски илустратор, режисер и добитник на Оскар, почина во својот дом во Прага на 95 годишна возраст.

Роден во Чикаго во 1924, Дајч заминал во посета на Прага во 1959 со намера да остане 10 дена, но се заљубил во неговата идна сопруга Зденка и решил да остане таму.

Дајч е добитник на Оскар во 1964 за краткиот анимиран филм „Мунро“, а за истата награда бил номиниран и во 1969 за „Here’s Nudnik“ и „How to Avoid Friendship“.

Пред оскаровските номинации, Дајч го имал направено серијалот „Tom Terrific“.

Во неговото задкулисно творештво се забележуваат 13 режирани епизоди од „Том и Џери“ и неколку од серијалите „Попај морнарот“.

Неговите синови ја продолжуваат неговата работа во илустраторските и аниматорски води.

Извор: Daily mail

Прочитајте и...  Куќа стара над 250 години преселена преку река на сплав (ВИДЕО)

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote