Случувања

Почина Коби Брајант, светската кошаркарска легенда

Светската кошаркарска легенда, Коби Брајант, почина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија, известува ТМЗ Спорт.

Брајант патувал со тројца придружници во неговиот приватен хеликоптер кога се случила несреќата. Хеликоптерот се запалил, по што имало брза интервенција на службите. Починати се 5 лица, а неговата сопруга не била на летот.

Коби беше познат по тоа што го користеше неговиот приватен хеликоптер години наназад, датирајќи од времето кога играше за Лејкерс.

Коби Брајант зад себе ги остави неговата сопруга Ванеса и нивните четири ќерки, Џина, Наталија и Бјанка, и новородената Капри.

Коби се смета за еден од најдобрите играчи во НБА лигата, со неговата 20 годишна кариера.

Лејкерсите ги „пензионираа“ двата дреса на Коби Брајант, броевите 8 и 24.. единствениот играч во историјата кој ја заслужил таа чест.

https://youtu.be/ENzx5r0bX7A
Прочитајте и...  Нарачале фустани на интернет, а добиле екстази чијашто вредност е 500.000 евра

Најпопуларно

To Top