in

Почина Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“

Во 66-та година од животот почина Рајко Дујмиќ, водачот на „Нови фосили“. Дујмиќ по тешката сообраќајна незгода заврши во индуцирана кома. Докторите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат.

Рајко слетал во провалија длабока 11 метри. Се отвориле воздушните перничиња, но му биле скршени две ребра, а добил и силен удар во главата.

Роден е на 7 август 1954 година.

Како член на групата „Нови фосили“ во 1987 година ја напишал песната „Ja sam za ples“ и во Брисел го освоија високото четврто место.

Ја напишал и музиката за песната „Rock Me“, која во 1989 година ја освои публиката во Лозана, а со оваа песна за првпат во историјата на Евровизија Југославија беше победничка на Евросонг.

Прочитајте и...  Хајди Клум и сопругот се бакнуваат преку стакло во страв од коронавирус: Не се чувствуваме добро, мораме да се однесуваме посовесно! (ВИДЕО)

Што мислите?

1 Поен
Upvote Downvote