Почивај во мир ангелче: Двегодишната Ангела ја загуби битката со болеста, Македонија во тага

Двегодишната Ангела која пред неколку дена итно, со специјален медицински авион беше испратена на лекување во Турција, сепак не преживеа. Девојчето, и покрај сите напори да биде спасено и од тимот македонски и од тимот турски лекари, денеска не ја издржало битката со ретката и тешка болест, блиска до леукемија, пишува МАКФАКС.

Ангела во Турција била ставена на апарати за дишење и ѝ била направена дијализа, односно прочистување на крвта, но таа не стигнала до операција и до пресадување коскена срцевина бидејќи состојбата не ѝ била доволно стабилна.

Доктор Аспазија Софијанова – Цули од Детската клиника која го иницираше испраќањето на двегодишното дете во Турција, вели дека од нивна страна било сторено сè за да му се овозможи добар медицински третман и обид да му се спаси животот.

Целата сторија прочитајте ја на МАКФАКС

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.