Од денеска до 13 – ти април ќе се одржува „КОНЕКТ “ средношколскиот фестивал, во пет различни средни училишта во Град Скопје, организиран од страна на студенти на додипломски студии од неколку факултети и универзитети.

Фестивалот е наменет за средношколците кои имаат желба да еден поинаков и креативен начин да се забавуваат.

Главен покровител на „КОНЕКТ“ годинава е Универзитетот Американ Колеџ Скопје, како поддржувач на креативните активности кои вклучуваат размена на искуства, подигнување на културолошката и образовната свест на младите и нивна поддршка.

„КОНЕКТ“ фестивалот ќе заврши со голема забава на Школка во Градскиот парк.  

Прочитајте и...  Татковци и ќерки ги расплакаа мајките во битолска градинка
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.