Македонија

Подарени книги и сликовници за дечињата на детско одделение во болницата во Гостивар

Најмалите пациенти во гостиварската болница вчеравечер добија убаво изненадување. Членовите на неформалната група Книгохоличари, решија да им ги разубават новогодишните празници со подароци. Тие за дечињата на детското одделение во болницата обезбедија лектири и сликовници.

„Нашата книжевна група е создадена за да се негува и поттикне читањето на книги и да се развиваат дискусии околу пишани дела. Од таму дојде идејата на децата, кои за жал празниците ги поминуваат во болницата, да им подариме лектири и сликовници. Веруваме дека книгите ќе им бидат привлечни и интересни и ќе помогнат дечињата барем за кратко да влезат во светот на фантазијата. Секако, им посакуваме што побрзо да оздрават. Благодариме на раководителот на одделнието д-р Ферит Муча и сестрите Снежана и Џулиета за убавиот прием.“, рече Ана Петревска, член на групата.

Прочитајте и...  Од 13 години работел што стигнал, а сега победи во „Никогаш не е доцна“

Тимот од детското одделение, како и родителите на малите пациенти изразија благодарност за пријатното изненадување.

Извор: ГостиварПрес

Најпопуларно

To Top