Текстови и колумни

Поема за иднината

Ја имам онаа навика, понекогаш, се што ќе почувствувам или здогледам да го испишам со плава боја уз разиграно перо.

Некој ќе додаде дека мудруваш и без потреба си се подлажуваш .

Чувствата никогаш не доаѓаат со сила, се е од срце.

Можеби е предолг текст, или звучи клише,кој како ќе разбере. Гледаш, слушаш, чувствуваш па имаш потреба од асал работа и така низ животната патека.

Понекогаш празни сеќавања од албуми некогашнин и идни љубови.

Ние не ги познаваме останатите луѓе иако се знаеме две, три, четири години па дури и можеби цел живот.

Сите различни а сите само гости на животот.

Сепак,без разлика на сето ова, разни ситуации и околности,разбирам дека нам очајно ни треба надеж.

Да, токму тоа..

Она исчекување, размислување, убедување на нешто добро и само добро. Ете баш тоа е надежта.

Надевање.

Се може да не изневери, но надежта е она нешто кое не умира, па затоа рекле: „Надежта последна умира“.

Темел на надежта е Бог, а потоа се останато.

Прочитајте и...  Здраво на вистината (поема)

Знаете нели кога навечер легнуваме со чист образ, се надеваме дека новото утро е нов почеток, подобро од вчера и завчера.

Кога нештата тргаат наопаку, кога имаме лоши денови, така сами продлабочени со тишина во нас е доволно темно, но можеме да ги видиме ѕвездите. Ѕвездите на надежта.

Светлина, светлина на иднината, на вербата, храброста, идеите, амбициите, радоста и љубовта.

Силно светнала надеж како јулска светулка во лето.

Сега е моментот да се разбудиме од лошите сонови, сега е ред кога треба да го заврземе јазолот и да се држиме цврсто.

На светот му треба огромна количина на надеж, без граници.

Сигурна сум, дека со надеж ќе ни се разбистри умот, ќе испарува злобата, ќе владее чесноста.

Сигурна сум, дека со надеж ќе ни се разбистри умот, ќе испарува злобата, ќе владее чесноста.

Биди надеж, за себе и за останатите.

Најпопуларно


To Top