Погледи во темната ноќ кои жарат како милион жигови врз мојата кожа.
Можам да почуствувам како во својата фантазија ме земаш и ме обликуваш според твои критериуми.
Ми ја одземаш дрскоста, ладнокрвноста и манипулативноста.
Ми додаваш по некој спокој, приврзаност и леснотија.
Си ги лекуваш твоите рани и сите изгубени желби.

Ми даваш бои и облици.
Именки и придавки.
Ме правиш своја.
Ме земаш само за себе.
Како твоја последна креација.
Си играш улога на БОГ.

За на крај да се предадеш и самиот на твојата замислена креација во мене.
Да се предадеш онака како што на ниедна не си се предал.
Реалната слика твоја од која си се плашел на некоја да ја покажеш.
Длабоко во ноќта знаеш дека е грешка.
Но сакаш да пробаш.
Сега и овде.
Со мене и никоја.

Можам да те видам.
Во целата темнина во ноќта.
Можам да те видам.
Можам да ти продрам во стаклените очи без емоција.
Можам да ти ја допрам душата.
Да ти ја сопрам тагата.
Барем само вечерва.
Твојот грев и твојата невиност ми се како дрога по која сум копнеела цел живот.
Твоите успеси и твоите порази ги сакам тука како играчки за да ги утешам и да правам веселба.
Твојата осаменост ме занесува.
Ми прави да се приврзам како никогаш до сега.

Прочитајте и...  Дојди..

Можам да те видам…зошто моето битие го сочинуваат делови кои ги допираше ти.

Но.. за да ме сочува човек…потребни се подолги ноќи. И пократки денови.

Јелена Ѓиноска

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде