Галерија

Погледнете како изгледа бар во дрво старо повеќе од 6.000 години

Природата е прекрасна. Таа секогаш не изненадува и ни докажува дека засекогаш ќе остане мистерија. Кога слушнавме за ова прекрасно дрво Баобаб во Северна Африка бевме изненадени дека нешто вакво воопшто постои.

Ова неверојатно Баобаб дрво има обем од 47 метри.

Висината на дрвото пак достигнува над 19 метри.

Но, најинтересниот дел на ова дрво е тоа што го има во неговата внатрешност.

На веб-страницата на барот стои: „Кога Баобаб дрвјата ќе наполнат 1000 години, тие стануваат шупливи во нивната внатрешност. Овој голем Баобаб резултираше во прекрасна пештера, каде што светски познатиот Baobab Tree Bar сега ги восхитува посетителите.“

Но, не грижете се. Овој бар не го уништил дрвото, природно била формирана пештера во внатрешноста.

Во 1933 година бил формиран мал паб во внатрешноста на дрвото.

Во барот има висина од 13 метри, а внатре собира околу 15 луѓе.

Покрај неговите извонредни димензии, ова дрво е и едно од најстарите во светот. Се претпоставува дека е старо околу 6000 години. Колку неверојатно место.

Прочитајте и...  Како светот се промени во последните 50 години преку 15 фотографии

Најпопуларно


To Top