Галерија

Погледнете го првиот подводен ресторан во Европа

Европа оваа недела го доби својот прв подводен ресторан на северноатлантскиот брег на Норвешка, во кој за оброк треба да издвоите помеѓу 200 и 400 евра, а за резервации се чека и до шест месеци.

Сместен во Линдеснес, во близина на најјужната точка на Норвешка, ресторанот “Андер” (Under) им нуди на своите гости прилика да го гледаат подводниот свет во живо преку панорамскиот прозорец. 

Половина од ресторанот е под вода, додека другиот дел е над неа. Дизајнот на овој ресторан е таков што совршено се вклопува во морското опкружување – монолитната конструкција со бетонски ѕидови од дури еден метар лежи на морското дно и е изградена да го издржи водениот притисок и да пружа заштита од дивите морски услови.

Ентериерот на ресторанот ја поддржува главната идеја на архитектите кои го креирале овој објект и покажува како цврстите и природните материјали можат да бидат користени да ја прикажат убавината на природата.

Единственото искуство на уживање во оброкот во ресторанот од пет и пол метри под површината е веќе многу барано. Овој ресторан со капацитет од околу 40 луѓе ќе го има своето свечено отворање кон почетокот на април, а веќе има над илјада онлајн резервации за кои се чека околу шест месеци. Првите резервации кои моментално се слободни се дури од средината на август, а само неколку датуми се достапни во септември.

Прочитајте и...  Оставил бакшиш од 9.000 евра за да им помогне на келнерите за време на пандемијата на коронавирусот

Концептот на ресторанот нуди фиксно мени за дегустација кое се менува во зависност од годишните доба. За вечера е потребно да издвоите околу 230 евра или речиси 400 евра ако во оброкот е вклучено и вино во оваа земја со висок данок на алкохол.

Најпопуларно


To Top