Погледнете ја оваа неверојатна снимка од октопод кој менува боја додека сонува

Снимен е октопод кој менува бои, а научниците претпоставуваат дека сонува.

Снимката, снимена од страна на PBS за документарецот кој треба да излезе во наредниот период “Octopus: Making contact”, го прикажува мистериозното суштество кое спие, и ги менува боите од сива, во жолта, па во речиси невидлива додека се камуфлира во боите на океанот.

Научникот Др. Дејвид Шил претпоставува за што би можел да сонува октоподот:

”Здогледува ракче и нејзината боја почнува да се менува малку. Потоа станува темна. Октоподите го прават тоа кога се искачуваат кон површината. Ова е камуфлажа, како да во тој момент фатила рак и сега седи во место и го јаде и не сака некој да ја вознемирува или примети… Ова е навистина фасцинантно. Ама да, ако сонува, најверојатно тоа е сонот”

Прочитајте и...  ВИДЕО: Жена со неизлечив рак - инспиративен модел за убавина
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде