Погледнете ја привремената модна инсталација на Лудус

Во четвртокот на 27. јуни, на отворањето на саемот за уметност Ин ситу, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, по покана на организаторите, Лудус ја претстави последната колекција насловена како „Пост родовост – поглавје I”.

За публиката на настанот тимот на Лудус подготви привремена модна инсталција, што вклучуваше презентација на парчињата на манекени, соработници на модната етикета. Стајлингот за овој проект го сработи Ивана Секулоска, а модели беа Стефан Китановиќ, Висар Мехмеди, Христијан Петрески, Лина Дамјан и Сара Тишјак.

Идејата за општество сместено во иднината каде ги нема постоечките бинарни родови улоги е основата за колекцијата насловена како „Пост-родовост – Поглавје I”. Замислена како утописка ослободителна визија, авторот размислува за социо-културните импликации и директните односи со модата. Колекцијата е всушност составена од два дела, две поглавја, чијшто дијалог е фокусот на работата на етикета Лудус годинава.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од инсталацијата.

Прочитајте и...  Камион удри во бетон од стара патарина во близина на Градско
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде