Галерија

Погледнете колку неверојатно изгледа внатрешноста на скапоцените камења (ГАЛЕРИЈА)

„Природата секогаш одново и одново не изненадува со своите чуда. Се чини дека во внатрешноста на овие камења можат да се најдат тропски мориња, далечни острови и универзуми.“

Кога не би знаеле дека станува збор за скапоцени камења, би помислиле дека фотографиите се направени во вселената.

Меѓутоа, знаеме дека овие неверојатни фотографии одблиску ни прикажуваат шарени „шаблони“ кои се наоѓаат во внатрешноста на скапоцените камења. Во внатрешноста на минералите има волшебни бои, нијанси на жолта, портокалова, црвена, виолетова и сина боја.

Микроскопските фотографии ги направи фотографот Алберто Гизи Паница (44) кој специјализирал во макрофотографија.

Фотографиите ја прикажуваат внатрешноста на Ахат, минерал и скапоцен камен во различни бои. Овие камења биле формирани со акумулација на разни форми на кварц, главно калцедон, кој е микрокристализирана силициумска киселина. Се користи за правење накит.

„Природата секогаш одново и одново не изненадува со своите чуда. Се чини дека во внатрешноста на овие камења можат да се најдат тропски мориња, далечни острови и универзуми“, рече Алберто по објавувањето на овие фотографии.

Прочитајте и...  30 феноменални фризури инспирирани од природата (ГАЛЕРИЈА)

Најпопуларно


To Top