Животински свет

Погледнете во минатото на најстарата зоолошка градина во светот

Кога царицата Марија Терезија издала наредба за проширување на дворецот Шенбрун, нејзиниот сопруг посакал во градините што го опкружуваат дворецот да се смести и зоолошка градина. Така настаналa Tiergarten Schönbrunn, виенската зоолошка градина…

najstariji zoo vrt na svetu 02 259150295

Знаевте ли дека зоолошката градина во Виена е најстара во светот?

Некогаш била резервирана само за припадниците на Хабсбуршката династија, но подоцна ја отвориле за јавноста, под услов посетителите да бидат „пристојно облечени“. Најверојатно во тоа време  разбирале што подразбира овој услов.

Зоолошката градина во Виена е основана на 31 јули 1752 година. Некогаш оваа градина била втора најпопуларна атракција на Виена. Изградена е во барокен стил и се состои од еден павилјон, каде што царската двојка можеле во мир да појадуваат или да пијат кафе, опкружени со осум посебни „делови“ во кои сместувале разни видови животни. Навиката за чување големи животни во кафези заради рекреирање на богатото семејство бил обичај кој се развил во доцниот среден век и ренесансата. Во време кога е основана оваа градина, веќе постоеле слични институции низ Европа, но сè уште е отворено прашањето зошто истите не биле категоризирани како зоолошки градини. Од основањето во 1752 година сè до 1779 година, пристап до градината имале само припадниците на кралската династија и нивните специјални гости, а од 1779 година била отварена и за јавноста, а посетите биле целосно бесплатни.

najstariji zoo vrt na svetu 01 439560315
PIC BY JOSEF GELERNTER / CATERS NEWS – (PICTURED Two adorable red pandas play fight in the snow) It may be cold outside but these hilarious images of the real Kung Fu Pandas enjoying some playtime in the snow are enough to melt any heart. The cute creatures were snapped rolling around in the Vienna snow as they seemed to delight in a lengthy but friendly fracas. In scenes similar to that of the martial arts Dreamworks animation, the male and female Red pandas were spotted by Austrian photographer, Josef Gelernter. The 31-year-old watched as the affectionate altercation unfolded at the Tiergarten Schönbrunn Zoo in Vienna. SEE CATERS COPY.

Синот на Марија Терезија, Јозеф Втори, го наследил интересот за  природата од родителите, па организирал многу експедиции низ Америка и Африка за збогатување на фондот на фауната во градината со нови и егзотични видови животни. Во 1826 година, во зоолошката градина била донесена првата жирафа, која била вистинска атракција и имала свое влијание врз уметноста, модата и книжевноста во тогашна Виена.

Прочитајте и...  Се роди бебе пони во Зоолошката во Скопје

Пред почетокот на Првата светска војна, зоолошката градина имала „збирка“ од 700 видови животни со над 3500 единки. Но, заради погубноста на војната, особено за Австрија, на крајот од војната во градината преживеале само 900 единки. 

najstariji zoo vrt na svetu 05 523441797

И покрај краткиот период на „закрепнување“ и минималната обнова на животинскиот фонд во периодот меѓу двете светски војни, може слободно да се констатира дека во истиот период градината била занемарувана, а најстрашните моменти ги доживеала во текот на Втората светска војна. За време на „Виенската битка“ во февруари 1945 година, при бомбардирањето на градот, многу животни биле убиени, а нападот успеале да го преживеат само 400 единки.

najstariji zoo vrt na svetu 03 992552062

Денес оваа зоолошка градина е една од најпопуларните, а во 2009 и 2010 година е прогласена за најдобра зоолошка градина во светот. Свој „дом“ овде имаат околу 500 животински видови, дури и најретките, како сибирски тигар, нилски коњ, панди и еднороги носорози.

najstariji zoo vrt na svetu 08 262311879
najstariji zoo vrt na svetu 06 851715877
najstariji zoo vrt na svetu 04 398374669
najstariji zoo vrt na svetu 07 706615698
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top