in

Погледнете во првата аптека во светот која наместо апчиња против болки препишува-песни!

Во малото британско гратче Шорпшајер, поетесата Дебора Алма реши да отвори поетска аптека, затоа што верува дека во случај на ментални проблеми, нема подобар лек од добра песна.

Во изминатите шест години, Дебора Алма ја водеше „Итната служба за поезија“, во училиштата, фестивалите и други настани и од амбулантното возило препишуваше песни како лек за душевните болести.

Сепак, таа признава дека кога забележала мала напуштена продавница во Шорпшајер, решила со својот партнер Јаце Шерд, исто така поет, да ја отворат првата поетска аптека во светот токму тука.

Во аптеката, таа ги организирала книгите според расположенијата, поточно емоционалните проблеми против кои помагаат, како што се стресот, скршено срце или исцрпеност.

Таа исто така нуди и поетски консултации во аптеката. На пациентите им поставува „внимателно осмислени прашања, а потоа како лек – ја препишува песната. Нејзината идеја засега наишла на одлични критики кај жителите на малото британско градче.


Фото: poetrypharmacy(Instagram)

Прочитајте и...  10 најинтересни јазици на светот

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote