in ,

Погребан е Кирк Даглас: 100-годишната сопруга во инвалидска количка, синовите во солзи

Познатиот американски актер Кирк Даглас вчера беше погребан во Лос Анџелес, два дена откако почина на 104-годишна возраст.

Според „Фокс њуз“, Даглас во неговиот вечен дом, на гробиштата Вествуд, го испратиле членови на семејството, меѓу кои и синот, славниот холивудски актер Мајкл Даглас (75).

На погребот присуствувале и другите двајца синови на Кирк, Питар и Џоел, сопругата Ен Бајденс која има сто години, а заедно во брак минале 65 години.

Покрај Мајкл Даглас, на погребот присуствувала и неговата сопруга, исто така познатата американска актерка, Кетрин Зета Џонс.

Кирк Даглас е роден на 9 декември 1916 година, како Ишур Даниеловиќ во градот Амстердам во сојузната држава Њујорк, во сиромашно семејство на еврејски имигранти кои потекнувале од место во денешна Белорусија.

Пред да се приклучи на американската морнарица во 1941 година, името Изи Демски, кое го користел дотогаш, официјално го променил во Кирк Даглас.

Прочитајте и...  Џенифер Анистон сподели фотографија од пријател заболен од коронавирус и испрати моќна порака

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote