Полицаец во Индија нашол многу креативен начин на вршење на својата должност. Имено, тој ги запира граѓаните со коронавирус-кацига со цел да им укаже дека ова е навистина сериозна состојба во која сите мораме да бидеме одговорни и да седиме дома.

Рајеш Бабу, полицаец од градот Ченаи, носи кацига чиј шлем е прекриен со црвени рогови со тркалезни врвови и изгледа како микроскопска слика на коронавирус, пренесува Си-Ен-Ен.
Локалниот уметник Б. Гоутам го дизајнирал шлемот кога забележал недостаток на јавна свест за пандемијата и превентивните мерки.
Еве како изгледа полицаецот Бабу со оваа кацига на себе:
