
Моето омилено мезе со парче домашен леб и чаша бело вино.
Состојки
4 печени црвени пиперки
500 грама сирење по желба (мене омилено ми е козјото)
1/2 шоља свеж босилек
1/4 шоља пармезан
сол, бибер
парче домашен леб и бело вино по желба 😊
Начин на подготовка
Се лупат пиперките и се чистат од рачките и семенки.
Сирењето се меша со пармезанот, босилекот и се зачинува по желба.
Внимателно наполнете ги пиперките, не треба да пукнат, и оставете ги кратко во фрижидер за да се стврднат.
