Попладне пороен дожд и грмежи- еве од кога се враќа убавото време во Македонија

На овој празничен ден ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

storm1

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 5, информираат од УХМР.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност, околу пладне и попладне ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во северните делови.

Утринската температура ќе се спушти ви интервалот 12 до18, а највисоката температура ќе достигне до 25 до 32 степена.

Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно и топло со слаб до умерен јужен ветер.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.