in

Поради топењето на ледот на Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под мразот крие 470 езера, но најновите истражувања на американските и британските научници покажуаат дека ги има и во севернополарниот регион, пишуваат британските медиуми.

grenland jezera aps 216739565

Тие не се многу големи како езерото Восток, кое се наоѓа на Јужниот Пол и е долго 250 километри. Најголемо субглацијално езеро на Гренланд е долго само 6 километри, а новоотркиените езера се наоѓаат под мразот дебел неколку километри.

Притисокот и геотермалната топлина успеваат да ја одржат водата во течна агрегатна состојба, а водата настанала од топењето и се задржала во шуплините. Поради се повисоките температури, мразот се топи и се движи кон океаните, а водата му го олеснува движењето. Кога би се стопил целиот мраз на Гренланд, нивото на океанот би пораснало 7 метри.

Според податоците на американските научници, под ледената плоча се наоѓа многу вода. За време на истражувањето, Џејд Боулинг од Универзитетот во Ланкастер забележала дека постојат 54 езера и дека за разлика од оние антарктичките, групирани околу внатрешните ледени делови, новите гренландски езера главно се наоѓаат при крајот на ледениот покривач, кој е стабилен и бавно се движи.

Прочитајте и...  Карлеуша ја стави својата ќерка на диета - се прави според правилата, па добива и подароци

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote