Тинејџерка за новинарите открила потресна приказна: растела во „Куќа на стравот“ каде мајката ги терала своите деца да гледаат додека таа готви живи кутриња.

20000820 0 image a 12 1571678645802

Лизи Кроуч (18) изјавила дека нејзината мајка со години ги злоставувала нејзините браќа и сестри во нивната куќа во Ново Мексико.

Марта и нејзиниот сопруг Тимоти, родители на 15 деца се уапсени и осудени откако полицијата од нивниот најстар син дознала што се случува во куќата. Лизи тврди дека Марта ги убивала нивните кученца, па ги готвела. Лизи вели дека де уште ги слуша криците од кученцата и има кошмари.

Никогаш нема да успеам да ги исфрлам тие слики од мојата глава, како мојата мајка фрла новородено кученце во врела вода – рекла Лизи за Дејли Меил.

Брачниот пар исто така ги тепал своите деца, користејќи тешки предмети, а наводно една од ќерките е претепана откако забременила.

Тие ги убивале кучињата, а ги труеле и мачките на децата. Лизи вели дека кога видела дека мајка и мачи животни, побегнала и сега живее со нејзините две постари сестри.

Прочитајте и...  Загадениот воздух ги затвори училиштата во Њу Делхи

Марта е обвинета за злоставување на деца, за екстремна суровост спрема животните како и негрижа спрема децата, а нејзиниот сопруг за злоставување и негрижа за децата.

Тимоти е ослободен од затвор со кауција, а Марта е се уште зад решетки и ќе остане таму се до судењето.

Лизи вели дека се плаши дека нејзината мајка може да избегне казна , повикувајќи се на психички проблеми.

„Цел живот глумеше дека сме среќно семејство, дури може да добие и Оскар за глумата“ рекла таа.

Полицијата открила дека децата често оделе гладни во училиште.

И другите ќерки рекле дека нивната мајка често ги тепала.

Една од нив забременила на 14 години, а Марта ја тепала се додека не го изгубила бебето.

Другата ќерка пак вели дека мајката ја врзала со ланец и не и давала да јаде бидејќи била дебела.

Штом социјални работници ќе им влезат во трага, емејството веднаш се селело.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за