На прв поглед се чини како сцена од научнофантастичен филм. Но оваа гигантска дупка во земјата во пустината Каракум не е последица на напад врз Земјата од страна на вонземјани.

Ова е кратер направен од геолози пред скоро 50 години, а огнот во него постојано гори од тогаш наваму.

article 2179622 143B9075000005DC 787 634x381 e1343392010479

Добредојдовте во Дарваза во Туркменистан, или како што го викаат локалните жители, „Портата до пеколот“. Советски геолози во 1971 година бушеле на ова место и наишле на пештера исполнета со природен гас, но тлото каде што стоела бушилката пропаднало, оставајќи дупка со дијаметар од 70 метри.

1200px Darvasa gas crater panorama

Плашејќи се дека од дупката ќе се ослободуваат отровни гасови, научниците решиле да ја запалат. Претпоставувале дека огнот ќе ги согори гасовите за неколку дена, но тој гори до ден денес.

maxresdefault

Огнот создава златен одблесок што може да се види од неколку километри од Дарваза, село со околу 350 жители.

Местото се наоѓа на околу 160 километри северно од Ашгабат, престолнината на Туркменистан.

Прочитајте и...  Ќе заштедите многу пари доколку го исечете аголот од сунѓерот за чистење, а еве и зошто
maxresdefault 1

Во април 2010 претседателот на земјата, Гурбангули Бердимухамедов, го посетил местото и наредил затворање на дупката, но тоа сеуште не е направено.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за