Македонија

Посебен режим на движење за лицата со попреченост

За лицата со попреченост нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот. Оваа мерка ја донесе Владата на денешната 38-ма седница, на предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопшти владината прес-служба, оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

Прочитајте и...  Забрана за движење без маска во Куманово, Прилеп и Тетово

Најпопуларно

To Top