in

Поштар ги разубавува карантинските денови на луѓето доставувајќи пошта во смешни костими

39-годишниот Џон Метсон кој 4 години работи за “Royal Mail” одлучил да даде сè од себе за барем малку да ги развесели своите сограѓани во текот на пандемијата на коронавирусот. 

https://www.instagram.com/p/B-NL-bdjbSl/

Тој, со одобрение од шефот, ја заменил својата униформа со луди костими.

Откако се појавил во костим на мажоретка и предизвикал насмевка на сечие лице, Џон станал личност која сите желно ја исчекуваат. Но, тој добил и бројни пораки во вид на благодарност.

https://www.instagram.com/p/B-SsP01jd8I/

Метсон ја извршувал својата работа облечен и како малечката Бо Пип и преправен во грчки војник, а на луѓето им порачал дека во наредните денови ќе понуди уште многу интересни костими.

https://www.instagram.com/p/B-LFAISjfQr/

Таткото на две деца објаснил зошто се одлучил на ваков чекор:

“Сите сега се чувствуваат несигурно и вие сте единствената личност која ја гледаат надвор од кругот на семејството. Зошто тогаш да не им изнудите насмевка?”, изјавил Џон за “Sunderland Echo”.

https://www.instagram.com/p/B-XUd50DzTn/
Прочитајте и...  Бев на час по англиски, одговара стара госпоѓа затечена на улица во време на полициски час

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote