in

После руската Рапунзел доаѓа и индиската, Ниланши Пател косата ја нема скратено 11 години

Ниланши повторно добила сертификат од Гинисовата книга на рекорди.

Индијката Ниланши Пател ја одбранила титулата тинејџерка со најдолга коса на светот, а оваа година дури и го соборила сопствениот рекорд кој изнесува 190 центиметри. 
Девојката од градот Модасе во индиската држава Гујарат во 2019-та година повторно го добила сертификатот од Гинисовата книга на рекорди, со тоа што го подобрила својот резултат од декември 2018-та година, кога нејзината коса била долга 170,5 центиметри

Пријателите и колегите ја нарекуваат Златокоса по принцезата со долгата коса од бајката на браќата Грим. Ниланши Пател може да се пофали дека 11 години не била на фризер.

“Кога имав 6 години, доживеав многу лошо искуство во локалниот фризерски салон. Од тогаш се плашев да ја скратам косата. Моите родители го почитуваа мојот избор”, објаснила таа.

За да може да оди и притоа да не се сопнува од својата коса ако е пуштена, 17-годишната Ниланши мора да носи високи потпетици.

Прочитајте и...  Врвот на Хималаите конечно видлив после 30 години!

Најчесто носи плетенка, а проблем има единствено при пливањето, признава девојката која сака да стане инженер.

Прочитајте за руската Рапунзел ОВДЕ

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote