in

После секоја преживеана бура секогаш доаѓа виножито

Ако нешто научив оваа година, тоа е дека најопасната работа не се вирусите и други  болести , туку егоизмот и човековата глупост, изгубеното чувство за емпатија и алтруизам, омразата и зависта  кои метастазираат во секој еден ден сѐ повеќе, нагризувајќи го најсуштественото кај секој од нас, лажните пријатели, изгубеното чувство за слобода, најскапиот дар е да си слободен човек во вистинска смисла.

Расизмот, национализмот, сите предрасуди кон различните од нас, комплексите, луѓето кои  не се излезени од својата комфорна зона, луѓе кои никогаш не се обиделе,  луѓе кои не  доживеале ниту еден пораз, загадениот воздух и токсичните  врски  во кои со години  се гушиме, лошите навики и  апсурдноста на нашето битисување. Но, важна е лекцијата која со текот на времето ја учи секој од нас, и имањето храброст да се промениме како луѓе преку нашите  дела и да научиме дека нашата болка нема да се намали доколку повредиме некој друг, да ги прифатиме туѓите и сопствените несовршености.

Прочитајте и...  „За подобро утре“

Живеј го животот на вистински начин  и не дозволувај ниту една бура да ти го раздори духот, биди трпелив ако сакаш  да го видиш виножитото кое секогаш доаѓа после секоја преживеана бура.

Јована Анастасијевска

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote