Кујна

Посна чоколадна баклава- Совршена за целото семејство

Кој рекол дека посните денови треба да поминат без засладување?

Hашата посна баклава е лесна за правење и ќе имате прекрасна закуска за помалце од 1 час.

Потребни состојки:

Половина килограм готови кори за баклава
1 маргарин Кристал

За фил:

300 гр. Сецкани ореви
3 посни чоколади за кување
Половина пакетче прашок за пециво

За шербет:

800 гр шеќер
500 мл. Вода
1 пакетче ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Филот се подготвува така што во сецканите ореви ги рендаме двете чоколади за кување и го додаваме половината пакетче прашок за пециво.
Откако ќе го подготвите филот, стопете го маргаринот на најниска температура.
Секоја кора се витка на половина и се полни со филот како што е покажано на сликата:

Откако сите кори се филувани, баклавата се сече и се попрскува со претходно стопениот маргарин.

Баклавата се пече 40 минути на претходно загреана рерна на 220 степени, меѓутоа само што ќе ја ставите баклавата во загреаната рерна намалете ја температурата на 180 степени и така печете половина час, а во последните 10 минути повторно зголемете ја температурата на 220 степени.
Додека баклавата се пече подгответе го шербетот така што во половина литар вода ќе додадете 800 гр. шеќер и го ставате да зоврие.
Откако ќе се згусти шербетот тргнете го од оган и додадете го ванилиниот шеќер со цел да се зачува аромата на ванила.
Откако баклавата ќе се испече, таа се попарува со жежок шербет додека е сѐ уште топла.
Откако баклавата ќе се олади, попрскајте ја со стопено чоколадо.

Прочитајте и...  Уметност на живеење: Вегетаријански и Вегански рецепти

Б.Д.

Најпопуларно


To Top