Кујна

Посна крем чорба од целер без грам масло

Потребни состојки:

  • 1 поголемо парче целер
  • 2 моркови
  • 1 компир
  • 1 помал кромид
  • Сол и бибер (куркума, нане, рузмарин – по желба)

Начин на подготовка:

1. Измијте го добро зеленчукот, исечкајте го на парчиња и обарете го во вода додека не стане сосема мек.

2. Префрлете го во блендер додека не добиете еднолична смеса.

3. Вратете ја мешавината во тенџерето, додадете зачини по желба, додадете вода според посакуваната густина и оставете ја чорбата добро да проврие.

4. Декорирајте со свеж магдонос и послужете со мали парченца препечен леб (внимавајте лебот да биде исто така без масло).

Прочитајте и...  Вкусни домашни кроасани со крем

Најпопуларно


To Top